Општина Бутел го одбележа Светскиот ден на мирот

Околу сто ученици од седумте основни училишта од општина Бутел денеска со повеќе активности во Градскиот парк го одбележаа Светскиот ден на мирот.  Учениците се дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Учениците беа поделени во три групи, облечени во маици со црвена, жолта и зелена боја. Учениците од првата група цртаа графити со мировни пораки на задниот надворешен ѕид од Зоолошката градина. Втората група го реализираше отворениот час за еко патрола, при што ги мапираа проблемите во паркот и даваа предлози за подобрување на неговиот изглед. Третата група одржа дискусија за меѓуетничката интеграција и граѓанските и демократските вредности кај младите.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски цело време се дружеше со учениците и посочи на вредностите од денешната манифестација.