Општина Бутел додели 56 стипендии на најуспешните основци од општинските училишта

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи сподели дека под мотото “Ние ја поседуваме најголемата моќ” ја продолжуваат традицијата која ја започнале во изминатите години како општина Бутел и доделиле парични ваучери на најдобрите наши ученици од општинските основни училишта.

Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици. На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.

На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари.

„Вложуваме максимално во образованието. Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици. Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд“, истакна Костовски во објавата.