Општина Бутел добива ултра модерна поликлиника

Општина Бутел ќе добие ултра модерна поликлиника, ваквата вест ја објави градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи. Новата поликлиника ќе има површина од 3000 м², ќе биде изградена на два ката и ќе има подземен паркинг. Надворешниот дел ќе се обезбеди дополнителен паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување.

„Носител на овој мега проект ќе биде Општина Бутел, додека министерството за здравство сериозно партнерски ќе учествува во истиот, министерот Таравари максимално го поддржи овој историски миг за граѓаните на општина Бутел. Би сакал срдечно да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински стои зад овој мега проект. Заедно со министерството за здравство формиравме работна група која максимално ќе се посвети за што поскоро да ја заврши проектната документација за новата поликлиника.

Процесот започнува со внимателно планирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди. Новата поликлиника ќе зафаќа бруто површина од околу 3000 м², ќе биде изградена на два ката и ќе има подземен паркинг. Надворешниот дел ќе се обезбеди дополнителен паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување. Изградбата на поликлиника е сложен и повеќеслоен процес кој бара внимателно планирање, координација и усогласеност со прописите за здравствена заштита“ напиша Костовски

Градоначалникот додаде дека на граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.