Општина Берово ќе помогне на семејството на Верица, истото можат да го направат и сите граѓани

Во Берово остварена средба помеѓу градоначалникот и хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица и спасија многу човечки животи.

Од страна на Општина Берово, како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, ќе бидат преземени сите мерки, со што на семејството ќе му се пружи најголемата институционална поддршка.

-Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покжувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем. Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.

Заради тешката финансиска состојба, во која семејството се наоѓа, како што додадоа отворени се донаторски сметки, за секој кој сака да донира во рамките на своите можности.

-Апелираме во чест на врвната хуманост да и помогнеме фамилијата на Верче. Секако кон оваа акција се приклучува и Општина Берово. Фамилија Белчовски се благодарни на секој еден од вас, кој ќе се одлучи да даде помош и поддршка, додадоа од општината.

Сметката за донација на Белчовски е на име Душана Белчовска со број МК07200003848731751 Стопанска Банка АД Скопје.