Општина Аеродром со мерки против загадувањето

За 2018 година Општина Аеродром издвои 300.000 евра за заштита на животната средина, што е 20 пати повеќе од сите претходни години.

-Насадивме 500 нови садници, а набавивме 1.800 нови високоизраснати дрвја. Објавивме јавен повик за изработка на проекти за четири нови парка. Организиравме повеќе екоакции, во чии рамки се расчистија депонии, мини депонии и се уредуваа зелени површини, а се собраа повеќе од 50 кубни метри кабаст отпад.За првпат оваа година Општина Аеродром субвенционира домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање. Набавивме и прочистувачи за сите градинки. Го реализиравме проектот „Од врата на врата“ за собирање пластика, во кој беа вклучени околу 400 домаќинства од населбата Лисиче. Поставивме прочистувач на воздух „Сити три“, а воведовме и двосменско работење на инспекцијата. Подигнувањето нови зелени површини и грижата за животната средина останува наш врвен приоритет, велат од општината.