Општина Аеродром со кампања против пожари во пресрет на Бадник!

На платото пре „Бисер“, утре(05.01.), со почеток од 13 часот ќе биде спроведена кампања со цел информирање на граѓаните и спречување на потенцијални пожари во пресрет на Бадник и традиционалното палење на Бадникарскиот оган. 

Целта е граѓаните да бидат информирани во врска со тоа како треба да постапат со огнот. Не се работи за спречување на луѓето од традиционално палење на Бадникарски оган, туку едноставно нивно информирање. Но, мора да се има в предвид потенцијалната опасност од самиот чин. Покрај оваа кампања традиционално се одржуваат и други наменети за постапување со грејни тела во зимскиот период. Кампањите се во организација на противопожарниот сојуз „Аеродром“.