Општина Аеродром со дополнителни мерки против загадувањето

Поради големата загаденост општина Аеродром најави дополнителни интервентни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општината и ќе бидат на сила се додека е надминат прагот на алармирање за загаденоста.

„Работниците на отворено ќе работат од 11.00 до 17.00 часот; бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста ќе бидат ослободени од работни обврски; се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни; се откажуваат сите активности на отворено, во кои учесници се децата како најранлива популација во однос на загадувањето на воздухот;  се намалува до 50% употребата на службените возила; продолжуваат зголемените инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби; ќе се обезбеди прифатилишта за сместување бездомници“, информираат од Општината.