Комуналните екипи и денеска собраа кабаст и друг вид отпад од различни локации низ општината, информираа денеска од локалната сампуправа на Аеродром, од каде упатија апел за поголема одговорност од жителите.
- Апелираме до граѓаните на поголема одговорност и совесно однесување кон животната средина. Исто така, сакаме да потсетиме дека Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром воведе комунални услуги, со кои аеродромци преку закажување на телефонскиот број 072/270 886 за минимален надоместок можат да се ослободат од отпадот од своите домови и фирми, порачаа од општината.