
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово сподели дека Општината и оваа година продолжува со поддршката на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината.
Пријавувањето ќе трае од 15 јуни до 30 септември 2026 година.
За остварување на правото на парична помош, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:
Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци можете да ги преземете на: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari
„На сите идни првачиња им посакуваме успешен почеток на новото животно поглавје, многу знаење, другарства и безброј убави училишни спомени“, порача Митески во објавата на Фејсбук.