Општина Аеродром: Реализираме значителни инвестиции во подобрување на образовната инфраструктура

И од Општина Аеродром со порака за честитање на Светскиот ден на учителите. 

-Учителите се креатори на нашата иднина и водилка на учениците низ целиот образовен процес. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат да откријат повеќе за себеси, околината и светот. Мотивирани и задоволни учители се клучниот фактор во образовниот систем и здравиот и правилниот развој на новите генерации врз кои треба да се гради иднината на нашата држава - се вели во објавата на Општина Аеродром. 

Од таму додаваат дека Општината реализира значителни инвестиции со цел подобрување на образовната инфраструктура.

-Како втор дом на нашите најмили, училиштата треба да ги поседуваат сите соодветни услови за модерно и квалитетно образование, кое е во чекор со современите трендови. Токму затоа, Општина Аеродром во континуитет реализира значителни инвестиции во подобрување на образовната инфраструктура, олеснување на пристапот до материјалите и наставната содржина, како и инвестиции насочени кон одржување унапредување на дигализацијата на образованието - велат од Општината.