Општина Аеродром реагира по немилиот настан што се случи синоќа на булевар Србија - изнаоѓање ново сообраќајно решение за зголемена безбедност

Општина Аеродром утрово поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булевар „Србија“ за зголемена безбедност во сообраќајот. 


-Нашите служби реагираа веднаш по немилиот настан што се случи доцна синоќа на овој булевар. Општина Аеродром континуирано работи на зголемување на безбедноста на сообраќајот на улиците што се под нејзина надлежност со цел ги превенира ваквите настани и да ја зголеми свеста кај учесниците во сообраќајот, велат од општината. 

Во рамките на овие активности, неодамна беше поставена хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“, како и пред клонот „Сонце“ на детската градинка „Бубамара“ во Реонски центар. Исто така, ваква сигнализација моментално се поставува и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“.