Општина Аеродром продолжува со отстранување на несоодветно паркираните возила

Од Општина Аеродром информираат дека се продолжува со активностите за отстранување на возилата што се паркирани несоодветно и спротивно на Законот за јавна чистота и Законот за урбано зеленило.

-Инспекциските служби на Општина Аеродром секојдневно се на терен и интервенираат секаде каде што е потребно, а несовесните возачи добиваат парични казни и се соодветно санкционирани - се вели во објавата на Општината на официјалната Фејсбук страница.

Од Општината потенцираат дека несоодветно паркираните возила на плочниците меѓу зградите, на тревниците и на другите јавни површини, го оневозможуваат непреченото движење и претсавуваат опасност за пешаците и велосипедистите, а се предизвикуваат и материјални штети.

Во таа насока, Општината со апел до граѓаните:

-Апелираме на почитување на пропишаните правила и закони со што ќе ја зачуваме нашата средина, како и безбедноста на секој граѓанин - пишува во објавата.