Општина Аеродром обезбеди 830 таблети за четвртоодделенците - Митески и Јаневска им ги поделија на учениците од ООУ „Љубен Лапе“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во ООУ „Љубен Лапе“ поделија таблети на учениците од четврто одделение.

Оваа година Општина Аеродром обезбеди 830 таблети, продолжувајќи го веќе петта година по ред проектот „Таблет за секое дете“.

„Верувам дека современото образование мора да оди во чекор со времето. Затоа, покрај таблетите, обезбедивме и 7.500 бесплатни училишни униформи за секој ученик, а во соработка со Министерството за образование и наука обезбедуваме и бесплатни учебници. Нашите училишта ги опремуваме и со современа технологија, со цел наставата да биде поквалитетна, поинтересна и прилагодена на потребите на денешните ученици“, истакна Митески во објава на социјалните мрежи.