Општина Аеродром: МВР да не ги штити вандалите и да преземе соодветни мерки против уништувањето на урбаната опрема

Сведоци сме на интензивно уништување на прскалките и системот за наводнување во тревниците и парковите на Општина Аеродром, при што е оневозможено да се полева зеленилото. Ве информираме дека повеќепати летово испраќаме апели до МВР да ги открие сторителите, но досега нема никаква реакција од нивните служби, велат од Општина Аеродром.

Тие во своето соопштение напоменуваат дека се сомневаме дека зад овие деструктивни активности стои опозицијата на локално ниво, во пресрет на локалните избори со цел да ја минира успешноста на Општината.

Уште еднаш апелираме до Министерството за внатрешни работи да не ги штити вандалите и да преземе соодветни мерки против уништувањето на урбаната опрема и системот за наводнување, се вели во соопштението од Општина Аеродром.