Општина Аеродром: Младите да ги искажат своите идеи за позелена општина

Младите луѓе кои живеат во Аеродром повторно имаат можност да ги искажат и да ги поднесат своите барања, решенија, предлози и идеи за позелена општина, стои во објавата на Општината на официјалната Фејсбук страница. 

Станува збор за втора иницијатива во организација на Гоу Грин со партнерство и поддршка од Општина Аеродром

-Првиот сет барања кои ги дадоа младите жители на нашата општина помина со висока стапка на успешност. Некои од барањата кои се под директна надлежност на Општината се веќе решени, а за останатите сме во процес на нивна реализација. Токму од овие предлози произлегоа и некои креативни решенија. Меѓу барањата кои беа пуштени на првиот повик е новата пракса во Аеродром, каде инвеститорите имаат обврска да обезбедат вело паркинзи, на различни начини да се заштитат зелените површини, пешачките и велосипедските патеки, како и нови иновативни решенија за новите паркови низ Аеродром. Сите заедно можеме да придонесеме за поубава, позелена и здрава животна средина, а оваа иницијатива на нашите партнери гарантира дека предлозите на младите ќе бидат слушнати, а идеите реализирани - велат од Општината.

Предлозите кои ќе бидат разгледани и реализирани од Општината може да се поднесат на овој линк: https://bit.ly/3SxUWSq.