
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека летниот распуст ќе го искористат за инвестиции и уредување на основните училишта на територијата на општината.
„Уште пред крајот на оваа учебна година почнавме со активности за уредување и подобрување на условите во основните училишта во Општина Аеродром, затоа што грижата за учениците и нивното образование останува еден од нашите приоритети“, вели Митески.
Тој посочи дека во ООУ „Александар Македонски“ во тек е уредување на дел од фасадата и поставување хидроизолација, со што дополнително се заштитува училишната зграда и се подобруваат условите за учениците и за наставниците.
Паралелно, во ООУ „Љубен Лапе“ се реконструираат спортските соблекувални, со замена на вратите, подот и други елементи.
„Летниот распуст ќе го искористиме за инвестиции и уредување на сите основни училишта во Аеродром, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во уште подобри услови“, нагласи градоначалникот.