Општина Аеродром го доби првото мултифункционално игралиште на кое може да се игра и тенис

Општина Аеродром го доби првото мултифункционално игралиште на кое може да се игра и тенис.

- Ова игралиште се наоѓа во срцето на Ново Лисиче и за првпат од неговата изградба е реконструирано и доби сосема нов и современ лик. Игралиштето е обложено со сертифицирана мултифункционална подлога, која освен за фудбал и кошарка е соодветна и за тенис, велат надлежните. 

Порачаа дека општина Аеродром продолжува да работи на подобрување и осовременување на условите за спорт и рекреација на сите жители.