Општина Аеродром, ѓубре каде и да се свртиш (фото)

Ново Лисиче, Населба Лисиче, Бисер, Три Бисери, Острово... нема многу населби во општина Аеродорм кои можат да се пофалат со солидна јавна хигиена. Впрочем, повеќето се такви во кои и тоа како има на што да се пожалат граѓаните кога е во прашање овој проблем, а и често се жалат и постираат фотографии на социјалните мрежи.

Фотографиите се од локации во споменатите населби, а денеска се објавени на социјалните мрежи. Една од нив е во непосредна близина на Пензискиот фонд, а другата на само неколку метри од амбулантата во нас. Лисиче. 

Пред околу една недела Скопјеинфо пишуваше за слични случаи и кај ТЦ Скопјанка, како и во Ново Лисиче, кај автобуската станица поранешна последна 5-ка.