Општина Аеродром финансиски ќе го поддржи ракометниот клуб „Вардар“

Вечерва Советот на Општина Аеродром на иницијатива на градоначалникот Муцунски даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар.

Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион.

- Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна. Голема благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои гласаа за оваа финансиска помош, напиша Муцунски на својата фејсбук страна. 

Покрај тоа, буџетот за оваа година предвидува и 24 милиони денари за МЗТ Скопје, аеродромски бренд што ќе ја претставува Македонија во елитното јадранско натпреварување АБА1.