Општина Аеродром додели 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња

Општина Аеродром додели 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња на нејзината територија. За оваа намена се издвоени над 4 милиони денари од општинскиот Буџет.

Бројот на машки и женски деца родени во Аеродром во 2017 година е речиси идентичен, а расте бројот и на родени близначиња.

Проектот еднократна парична помош на секое семејство со новороденче во Општина Аеродром продолжува и во 2018 година. Надоместокот е во висина од  5.000 денари. Еднократната парична помош се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата во општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на Општина Аеродром.