Општина Аеродром денеска одбележува 21 година од своето постоење

Општина Аеродром денеска одбележува 21 година од своето постоење. По повод 21 роденден на Аеродром се одржа свеченост. Настанот се одржа во паркот Јане Сандански, а од Општината преку социјалните мрежи посочија дека атмосферата била достоинствена и исполнета со гордост.

 На свечениот настан, градоначалникот Дејан Митески и претседателката на Советот, Сузана Павловска, доделија признанија. Беа наградени голем број аеродромци кои се имаат дадено свој особен придонес во науката, образованието, спортот, културата.

„Општина Аеродром ги поддржува своите жители, секогаш ги поттикнува нивните идеи и труд и ги препознава успесите кај секој поединец. Гордоста расте со секој нов успех  Младите се нашата сила. Тие носат енергија и визија и во нив е иднината на Аеродром“, нагласија од Општина Аеродром.

Додаваат дека новите генерации за општината трасираат светол и успешен пат напред.

„Честит роденден, Аеродром! Да продолжиме да растеме сите заедно. Да создаваме нови вредности. Да градиме уште подобра заедница за сите“, порачаа од Општина Аеродром.