Општина Аеродром блесна во новогодишен сјај

Илјадници светилки оваа година ги осветлија парковите и внесоа новогодишна магија во Општина Аеродром. Со високи новогодишни елки, светлечки снегулки, светлосни фонтани, големи лампиони, светлосен тунел, ѕвездено небо ги украсивме парковите булеварите „Јане Сандански“ и „12 македонска бригада“, кружниот тек на улицата „Коста Новаковиќ“, ТЦ „Бисер“, Мичурин, Бојмија, Бановина, Долно Лисиче, како и детската улицата „Тоше Проески“.

Меѓу украсите распоредени на различни локации, доминираат сината и белата боја и создаваат пријатна атмосфера за вечерни прошетки на аеродромци во пресрет на новогодишните и божиќните празници.