Општина Аеродром: Бадниковите дрва ќе се пренаменат за семејства од социјално ранливи категории

Општина Аеродром оваа година бадниковите дрва ќе ги пренамени за семејства од социјално ранливите категории, наместо за бадникови огнови.

Ова, всушност, е барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Аеродром, кое денеска беше доставено до Општината, но исто така и на голем број граѓани поради големата загаденост на амбиенталниот воздух.

Затоа, Општина Аеродром одлучи барањето да го стави како посебна точка на дневен ред на 60-та седница на Советот на Општината, која ќе се одржи на 26.12.2016 година (понеделник) и доколку предлогот го прифати мнозинството советници, Општината ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика да овозможи пристап до список на лицата од социјално ранливите категории кои живеат на територијата на Општина Аеродром.