
Шест лица од Скопје се приведени по физичка пресметка во Драчево, во која биле употребени и тврди предмети, а бил повреден 16-годишник.
Вчера во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33).
Според пријавеното, околу 22:30 часот настанало нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што на 16-годишник, кој учествувал во пресметката, му била нанесена расекотина.
По пристигнувањето на полицијата, еден од учесниците со тврд предмет нападнал и полициски службеник.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.