Определен притвор за неготинец, еве зошто

Определен 30 дневен притвор за неготинецот П.Н. за кривично дело тешка телесна повреда.

Основниот суд Кавадарци извести попладнево дека по поднесено барање за определување на мерка притвор од ОЈО Кавадарци, од страна на дежурен судија на претходна постапка на Основен суд Кавадарци, донесено е решение со кое спрема лицето П.Н. од Неготино, определен е притвор во траење од 30 дена, за кривично дело „Тешка телесна повреда“ по чл.131 ст.3 од КЗ.