Опожарено возило во Сарај

На 9 декември 2021 во 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Глумово, скопско, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А.(28) од с.Сарај, скопско.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршен од екипа на СВР Скопје. см/дма/