Опожарено возило во Ѓорче Петров

Синоќа во 23:00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров Р.В.(33) од Скопје пријавил дека на подрачје на Ѓорче Петров настанал пожар во неговото патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.