Опожарено возило, нема повредени

На 21.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(50) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.