Опожарени две возила на Матка

На 22.06.2021 во 17.43 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во Долна Матка, скопско, настанал пожар во трајлер, со полски национални ознаки, сопственост на М.З.(45) од Полска, кој бил целосно опожарен.

Пожарот делумно зафатил и друг трајлер со полски национални ознаки, сопственост на В.З.(45) од Полска.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.