Опожарени две возила и стан во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 03.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачје на Карпош настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје.

Според информациите на полицијата од пожарот биле зафатени и возило „голф 4“ со штипски регистарски ознаки и дел од фасада и еден прозор од стан.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а повредени лица нема.