Опожарени две камп - приколки на езерото Треска

Две камп-приколки се опожарени на езерото Треска. Како што информира МВР, вчера околу 9 часот било пријавено дека на езерото Треска во Скопје биле опожарени две камп-приколки и еден помошен објект.

Сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата сè уште не се знае сопственикот.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, како и за висината на материјалната штета.