Вчера било пријавено дека се опожарени 3 објекти на спортски обложувалници во Скопје. Двата објекти се наоѓале на територија на Бутел додека третиот објект се наоѓал на подрачјето на Гази Баба.
„Вчера во 02.24 часот и во 03.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел биле опожарени два објекта на спортска обложувалница, а во едниот случај од пожарот бил зафатен и соседен објект. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.
- во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар била опожарена надворешна влезна врата од објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема,“ се вели во билтенот на МВР
И во двата случаи бил извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.