Опожарена влезна врата од куќа во Бутел

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Бутелска“ била опожарена врата од куќа, сопственост на С.К.(71) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека кон вратата било фрлено шише со запалива течност. Повредени лица нема, а увид на местото извршила од СВР Скопје. 

Полиција презема мерки за расчистување на случајот.