Опожарена „тојота“ на паркинг во Аеродром

Опожарено е едно возило, а зафатено било уште едно друго, на паркинг во Аеродром. 

На 21.06.2022 во 02.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.(20) од Скопје пријавила дека во периодот 21.00 часот на 20.06. до 02.00 часот на 21.06.2022 на паркинг на подрачје на Аеродром било опожарено возило „тојота“, сопственост на правно лице, а го управувала пријавителката, соопшти МВР: 

Од огнот делумно било зафатено и возило „форд фокус“, сопственост на правно лице.

Повредени лица нема.

Се преземааат мерки за расчистување на случајот.