
Синоќа во 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Втора македонска бригада“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција од угостителски објект.
Во полицискиот билтен се посочува дека пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица немало.
Бил извршен и увид.