Опожарен „мерцедес“ во катна гаража во Скопје, зафатено и „пежо“

Синоќа во 01.39 часот пријавено е дека во катната гаража на улица „Стефан Јакимов Дедов“ било опожарено патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Б. од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.