Опожарен „мерцедес“ на автопат Куманово-Скопје

Автомобил „мерцедес“ со германски регистарски ознаки бил опожарен, вчера кај наплатната станица кај Романовце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановските пожарникари интервенирале 45 минути и го изгасиле пожарот на автомобилот.

-ТППЕ интервенирале од 14:15 до 15:00часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, стои во информацијата на РЦУК Куманово.

Случајот го потврдија и од СВР Куманово од каде информираат дека вчера било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје настанал пожар во патничко моторно возило во движење „мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.