Опомени, но и парични казни за несовесните паркирачи во Аеродром

Акцијата за отстранување на возилата кои се паркираат на плочници, пешачки патеки и зелени површини продолжува и во наредните денови за што Општина Аеродром ангажира пајак-служба, а несовесните возачи добиваат опомени и во краен случај парични казни.

Уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и правила и да ги паркираат своите автомобили на паркинзите, а не на јавни површини со што го попречуваат слободното движење, а од друга страна нанесуваат и материјална штета која сите ние ја плаќаме, велат од општина Аеродром. 

- Повикуваме на зголемување на свеста од секој еден жител, затоа што само на тој начин инспекциските служби нема да бидат принудени да пишуват опомени и високи парични казни, а од друга страна, сите заедно ќе се грижиме за зачувување на животната средина во која живееме и работиме, посочија надлежните.