Опериран принцот Филип, сега закрепнува

Бакингемската палата соопшти дека британскиот принц Филип имал операција на срцето и следните неколку дена ќе остане во болница.

– Војводата од Единбург, вчера беше успешно опериран поради состојбата со срцето во болницата Свети Вартоломеј, Неговото кралско височество ќе остене во болница неколку денови - се наведува во соопштението на  Бакингемската палата.

Принцот Филип (99) хоспитализиран е на 6 февруари во болницата Крал Едвард Шести во Лондон поради инфекција, а во понеделникот беше префрлен во болницата Свети Вартоломеј поради проблеми со срцето.