Операција успешна, Стоиле Стоилов закрепнува!

Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов.  Неколку дена по операцијата капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед открил дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.

Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.