Операции се вршат со стари и 'рѓосани инструменти, а болниците личат на штали

Повторно бурни реакции на социјалните мрежи, откако министерот за здравство, Фатмир Меџити пред неколку дена при гостувањето во „Клан дебата“ кажа дека во болниците во Македонија операциите се вршат со стари и ‘рѓосани инструменти веќе 10 години.

Меџити кажа дека овој проблем го посочил и до Владата и презел веднаш мерки, но има доцнења поради процедурите, а исто така посочи дека болницата во Кичево не личела ниту на штала, а не на болница.

-Операции се вршат со стари и 'рѓосани инструменти, а болниците личат на штали. Пари за ова нема. Важно фрчат милиони евра за сомнителни бизниси ко „Бехтел и Енка“. Кога катанец на цела држава денес или утре, се знае ли нешто, пишува „Д-р Олја од Клинички“.