„Опел вектра“ удри мотор „Априлија“, две лица повредени

Вчера во 21.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Вектра“, управувано од Б.Х.(38) од Скопје и мотоцикл „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(30) од Скопје.

Според информациите на полицијата во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(18), а возачот С.М. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.