Опасни комбинации од лекови и пијалоци

Не би можеле да верувате, но дури и најобична чаша млеко може да биде погубна ако ја испиете во одредена комбинација.

Највообичаени пијалоци како чаеви, кафе или сокови можат значително да ја намалат делотворноста на лековите што ги пиете, а во некои случаи можат да ви го загрозат и здравјето. Затоа, внимавајте што пиете и видете кои комбинации треба да ги избегнувате.

Статините и уште педесетина лекови не смеат да се пијат со сок од грејпфрут. Проблемот е уште поголем заради фактот што дејството на овој сок трае повеќе од 24 часа, па едноставно не смеете да го пиете.

Сокот од шипки има одредени ензими кои многу делотворно го поништуваат делувањето на неколку лекови за крвен притисок.

Калциумот може да има негативно влијание врз делувањето на лековите за штитната жлезда, такашто е потребно да се почека барем четири часа помеѓу земањето на лекот и консумирањето на било кој пијалок богат со калциум.

Ако земате ефедрини, амфетамини или лекови за астма, по секоја цена избегнувајте кафе, енергетски пијалоци или зелен чај заради погубното меѓудејство на кофеинот и стимулаторите.

Спортските напитоци се полни со калиум, па можат да бидат многу опасни во комбинација со некои лекови за срце и висок притисок, истата работа се однесува и на бананите.