
Во основното општинско училиште „Лазо Трповски“ во Карпош е отворена нова сензорна соба, опремена благодарение на донацијата од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“.
Од Општината информираат дека просторијата ќе им овозможи на децата дополнителна поддршка, простор за смирување и подобри услови за учење и развој.
Сензорната соба е наменета да придонесе за создавање попријатна и поподдржувачка училишна средина, во која потребите на секое дете ќе бидат препознаени и почитувани.
Од Општина Карпош упатија благодарност до Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за донацијата, посочувајќи дека вложувањето во инклузивно образование и еднакви можности за децата останува важен дел од грижата за најмладите.