
Општина Карпош денеска информираше дека во ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци и ООУ „Владо Тасевски“ во Козле, поставени биле нови хидрофори, со што се подобрува функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во училишните објекти.
Како што информираа од Општината, средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно годишната програма на Одделението за заштита и спасување.
Оттаму најавија дека во наредниот период, активностите ќе продолжат и во преостанатите осум основни училишта, со цел унапредување на хидрантско-водоводната инфраструктура.