Оној кој посакува љубов секогаш страда, затоа што љубов не се добива, љубов може само да се даде

Исполнете го вашиот живот со љубов. Но, вие ќе кажете: „Ние секогаш сакаме.“ А јас ви кажувам дека многу ретко сакате. Вие можеби копнеете за љубов, но постои огромна разлика меѓу овие две работи. Да сакате и да ви е потребна љубов се сосема две различни работи. Многу од нас се како деца во текот на целиот живот, затоа што сите бараат љубов. Да сакаш е многу мистериозна работа, а да копнееш по љубов е многу детинеста работа.

Малите деца сакаат љубов, тие растат кога мајката ќе им подари љубов. На нив им е потребна љубов и од другите, затоа и семејството ги сака. Кога ќе остарат, потребна им е љубовта од нивните сопрузи или сопруги.

Секој којшто сака љубов ќе страда во животот, затоа што љубовта не може да се бара, љубовта може само да се дава. Во барањето не постои извесност дека ќе го добиете тоа што го барате. Ако личноста од која очекувате љубов очекува љубов од вас, тогаш тука лежи проблемот. Секаде низ светот постои проблем меѓу мажите и жените, а единствената причина за тоа е што и двајцата очекуваат љубов, но не знаат да ја возвратат и дадат љубовта.

Размислете малку и за ова, за вашата постојана потреба за љубов. Вие сакате некој да ве сака и ако некој ве сака, вие се чувствувате добро. Но, тоа што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што тие сакаат да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби: тој не го фрла мамецот за да јадат риби, тој го фрла мамецот за да фати риба. Сите луѓе кои сакаат, фрлаат мамка за да фатат љубов.

Единствен начин да ја направите врската подобра е да сфатите дека љубовта може да се дава, не да се бара. Сѐ што ќе добиете е благослов, тоа не е награда за сакањето. Дури и ако не добиете ништо, вие секогаш сте среќни што сте имале можност да дадете љубов.

  • Ошо