Оној кој им помага на другите, си помага на себеси...

Кармата е дел од будистичкото учење и верување дека не само карактерот на човекот, туку и целата судбина во сегашниот живот е последица на неговите постапки во претходниот живот. 

Дали ќе ни биде добро или лошо во идниот живот зависи од нашите напори кои сме ги вложиле во сегашниот живот за да избегнуваме лоши работи и да правиме добри дела. 

Поентата е дека треба да се однесуваме кон секој човек како што се однесуваме кон себеси, да постапуваме со другите онака како што сакаме да постапуваат со нас. На тој начин, со што ќе го ширите семето на добрите дела, богатата жетва и наградите нема да ве заобиколат и вас. 

Овие зборови нека бидат ваша амајлија:

Оној кој им штети на другите, си нанесува зло на себеси.

Оној кој им помага на другите, си прави добрина на себеси.

Оној кој им нанесува болка на другите, си нанесува болка на себеси.

Оној кој им помага на другите, си помага на себеси. 

Ајде нека исчезнат сите заблуди на луѓето и сите ќе тргнеме кон многу подобар пат.