ONE Love TOUR 2018: Целодневна забава во Градски парк

ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации! Денеска и утре ќе се одржи во Градски парк со почеток од 10 часот.

Настапуваат:
Златно Славејче, Љубојна, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Oратница, Сашко Коцев, Фолтин, Графа, Next Time и Слаткаристика.

Влезот е слободен!
Локација: Градски парк, голема полјана (позади езерце)
Големото отворање на второто издание на фестивалот започнува во Скопје. Целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија. Настани, поделени по нивниот стил, насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи.