Омлет со тиквички и сирење

Искористете го периодот на свежи млади тиквички, за да подготвувате одлични рецепти со нив. 

За денешната вечера можете да направите омлет со тиквички. 

Состојки: 

Една тиквичка исецкана на тенки кругови
Три јајца
50 гр сирење
Магдонос

Подготовка:

Тиквичките пржете ги во масло. Некои парчиња оставете ги помалку пржени, а некои добро испржени, со постојано мешање. Кога ќе пуштат течност, додадете ги изматените јајца, како да подготвувате шпанска фритата. 

Превртете го омлетот, покријте со капак и оставете да се готви на средно-висока температура. 

Изрендајте го сирењето и повторно покријте. Кога ќе бидат јајцата целосно зготвени, ставете магдонос и исечете на парчиња.