Омиленото собиралиште на скопјани - семејни излети, кафеана крај базенот...Дали се сеќава некој на ова место?

Од местото кое на времето беше собиралиште на скопјани за време на летните горештини, едно од неколкуте каде се одеше на семејни излети и каде навечер се излегуваше во кафеаната крај базенот, сега нема ништо. Останати се само пријатни спомени кај постарите граѓани.

Сега сликата околу базенот и неговите некогашни придружни објекти е морничава. Останата е руина, која не само што е грда за гледање, туку и опасна за секој што ќе влезе таму. 

И покрај повеќето најави дека базенот ќе се реновира и ќе му се врати поранешниот сјај, во изминатите десетина години ништо не е сторено. Базенот е во државна сопственост.

Фото: Фејсбук